Погледнете колку потписи доби Иванов за својата кандидатура за само 2 часа
До 21:30 собрани се 20.000 потписи од граѓани на Република Македонија за поддршка на кандидатурата на господинот Ѓорге Иванов за Претседател на Република Македонија, информираше директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на прес конференцијата која заврши пред неколку минути.
„За нешто повеќе од два часа, над 20.000 граѓани веќе се потпишаа на кандидатурата на господинот Ѓорге Иванов во подрачните единици на Државната изборна комисија. Според нашите информации потписи се собираат во сите подрачни единици низ Република Македонија, а огромен број на граѓани сеуште спокојно го чекаат својот ред за да се потпишат на кандидатурата. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и затоа високо ја цени и почитува поддршката од граѓаните за кандидатот господин Ѓорге Иванов.“ - изјави Димовски
Тој додаде дека ова е значаен чекор во постапката за избор на кандидат за Претседател на Македонија, со кој, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека практикува отворена, демократска и транспарентна постапка.
„Поддршката која граѓаните вечерва директно и непосредно ја даваат на кандидатот Ѓорге Иванов, говори дека тој навистина ужива огромна почит од многу граѓани на Република Македонија. Нам ни значи оваа масовна поддршка од граѓаните. Нам ни значи поддршката од секој еден граѓанин. Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на сите оние кои до сега го дадоа својот потпис на кандидатурата на господинот Ѓорге Иванов“ - рече Димовски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа