Директорка на училиште во Штип ќе одговара кривично - незаконски делела тендери

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.С. (53) од Штип, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавената, во својство на службено лице-директор на ООУ „Ванчо Прке“-Штип во периодот од декември 2010 до крајот на 2012 година, искористувајќи ја својата службена положба ги пречекорила границите на своите службени овластувања при што со непочитување на одредбите на Законот за јавни набавки, односно без прибирање на најмалку три понуди и без објавување на оглас во повеќе наврати извршила јавни набавки,  со што на три правни лица од Штип им овозможила да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.001,175 денари и на едно физичко лице од Штип му овозможила да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 162.000 денари. 

03.03.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега