До телото пронајден пиштол: Како починал познатиот штипски бизнисмен
Самоубиство најверојатно е причината за смртта на 49 годишниот штипски бизнисмен Горан Даскалов. Според неофицијалните информации до кои Press24 дојде од полициски извори, до телото на штипјанецот бил пронајден пиштол.
Се претпоставува дека тој пукал во себе во штипската излетничка населба Суитлак.
Полицијата официјално го потврдува идентитетот на починатиот, но не открива детали за тоа како настапила смртта. ПОвеќе информации најавуваат по резултатите од обдукцијата.
Бизнисменот Горан Даскалов утрово беше пронајден мртов во штипската населба Суитлак. Тој беше член на управниот одбор на Текстилниот кластер а штипјани го паметат и како претседател на фудбалскиот клуб Брегалница
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа