Во јануари зголемено индустриското производство

 

Индустриското производство во јануари годинава бележи раст од 6,4 отсто во однос на јануари 2013 година.

Гледано по сектори, како што денеска објави Државниот завод за статистика,  индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јануари 2014 бележи опаѓање од 1,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 9,9 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2014 година, во однос на јануари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5 отсто, Капитални производи за 9,6 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 40,5 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,4 отсто, додека опаѓање има кај Енергијата за 13,3 отсто.

04.03.2014 - 15:49
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега