Охриѓани и кичевчани краделе што им дојде при рака - еве колку се збогатиле

 

27-годишните А.Ф.и Б.Р. од Охрид заедно со 19-годишниот А.Е. и  37-годишниот Е.Б. од Кичево си заработија кривична за кражба.

Пријавените А.Ф. и Б.Р. кривичните дела ги извршиле во текот на изминатите два месеца со насилно кршење на вратите и прозорците на објекти на подрачјето на Охрид. Така од објектот каде се наоѓаат водните пумпи за општината Дебарца бесправно одзеле електромотор со кабли, потопна пумпа, наставци за метални цевки и неколку рачки за округли шибери. Двајцата пријавени од работна машина сопственост на „Охридски комуналец“ кај месноста „Мауцкер“ одзеле два акумулатори а од неколку викенд куќи во населбите Чекоштина, Габавци и селата Вапила, Рамне, Рача и Лакочереј, одзеле мотокултиватор со фреза и прскалка, бакарни пумпи, месингани прскачи, рачна пумпа за вода, бормашина, шлајферица, музички систем со звучници, алкохолни пијалоци, низалки со суви пиперки, венци кромид и други предмети. 

Крадците на овој начин се стекнале со 157.500 денари.

Пријавените А.Е. и Е.Б. од Кичево, кражбите ги извршиле во периодот од декември минатата до февруари оваа година. Користејќи подесен алат и физичка сила, тие ги кршеле бравите од влезните и балконски врати на повеќе куќи во Охрид и одземале пари, златен и сребрен накит, бижутерија, лап-топ комјутери, рачни часовници и други вредни предмети.

Кичевчаните се стекнале со 221.000 денари.

05.03.2014 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега