Косовец вооружен со пиштол ограбил мобилара во Тетово

 

Момче од Косово синоќа ограбило мобилара во Тетово.

Според податоците од полицијата, 18-годишниот Л.С. вчера влегол во продавницата за мобилни, ДООЕЛ Метро, лоцирана на улицата Маршал Тито, и одзел еден таблет. Вооружениот разбојник кој на вработената која била во продавницата и се заканил со пиштол, откако го земал таблетот веднаш го напуштил местото на настанот.

Тетовската полиција успеала да го фати насилникот, кој за стореното дело ќе си заработи соодветна кривична пријава.

05.03.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега