Бебенцето не можело да чека - жена се породи среде улица

Американка се породи среде улица. Иако таа сакаше дпородувањето да биде најнормално и да се одвива во болница, на бебенцето изгледа многу му се брзаше, па излезе на улица. 

Се работи за 39-годишната Поли Мекоурт која чекала такси близу зградата во која живее во Менхетен кога почуствувала силни болки во стомакот. 

- О боже, пристигнува бебето, извикувала Поли кога паднала на земјата.

Случајните минувачи кои веднаш притрчале да и помогнат мислеле дека е се слошило, а потоа сфатиле дека таа ќе донесе бебенце на свет. 

- Се свртев кон неа да и помогнам. Мислев дека и се слошило. Тогаш ја забележав главата на малото девојче, вели сведок на настанот.

Брзата помош веднаш стигнала но морала да ја породи жената на улица. Потоа веднаш заедно со бебето била однесена во болница. Поли родила здраво девојче.

05.03.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега