"Едвај извлековме жива глава" - Кристијан Голубовиќ имал сообраќајка

Александар Кристијан Голубовиќ кој е соуден на 14 години затвор за шверц на дрога на релацијата Белград-Нови Пазар, во понеделникот преживеал страотна сообраќајна несреќа.

44-годишниот Кристијан Голубовиќ изјавува дека со автомобилот управувала негова пријателка, а во еден момент додека се враќале од Нови Сад автомобилот налетал надигалка која била на патот од некој "совесен" камионџија. 

- Ни експлодираа двете десни гуми, а пред нас стоеја уште четири автомобили кои налетале на дигалката која беше на патот. Доколку удревме сигурно ќе загиневме на лице место, вели Голубовиќ.

На крајот Кристијан се заблагодари на негов пријател кој дошол од Белград само за да му помогне. Инаку, заедно со уште тројца пријатели Кристијан се враќал од журка кога се случила несреќата.

05.03.2014 - 15:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега