Шилегов потврди: Четвртина од делегатите не присуствувале на Конгресот и не гласале

 

Потпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска потврди дека една четвртина од делегатите не присуствувале на Конгресот каде партијата прогласи свој кандидат за претседател.

Како што јавува Курир, неколку часа пред Конгресот, беше најавено присуство на 727 делегати, а присуствуваа и гласаа 588.

-Присуството на делегатите на Конгресот не е задолжително. Беше исполнет статутарниот услов за валидно гласање на Конгресот, одговори Шилегов.

Според тоа ,39 делегати одлучија да не присуствуваат на Конгресот.

06.03.2014 - 16:09
Фото: 
a1.on

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега