Спречила грабеж а тие и ја намалиле платата!

Управителката на една пошта во Сомбор-Србија, добила казна поради тоа што се спротиставила на вооружен разбојник. Станува збор за Дијана Кожул која од местото управител на поштата во Сомбор била преместена на послабо платено работно место откако пред две недели успеала да избрка вооружен разбјник кој се обидел да ја ограби поштата.

- “ Во таквите ситуации во страв човек несвесно реагира. Рефлексно станав и го турнав тој се испаничи и си замина. За среќа останав неповредена во пресметката со разбојникот но навистина ме погоди одлуката на претпоставените на поштата” изјавила управителката за Блиц.

Од поштата велат дека ова е втор случај за обид за кражба и дека Кожул по втор пат реагира на непримерен начин.

Постојат правила и процедури за таквите ситуации, а таа со своите реакции ги прекрши. Преместувањето е поради нејзината безбедност изјавил раководителот на Службата за поштенски услуги Винко Бурнаќ.

07.03.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега