Италија ќе се запознае со можностите за инвестирање во Македонија

 

Министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф,заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо, неделава заедно со економскиот промотер во Италија, Иван Илиев, ќе ги претстави можностите за започнување бизнис во Македонија.

Посетата почнува во регионите Емилија Ромања и Марке каде ќе бидат остварени средби со највисокиот врв на неколку водечки компании од областа на производство на висока технологија а исто така  делегацијата ќе има работна вечера со менаџерите на глобална компанија лидер во производство на машини за градежна и рударска индустрија. Дел од средбите ќе бидат со компании кои веќе ја разгледуваат Македонија како нивна инвестициска дестинација.

Предвидено е Наумоф и Мизо да остварат средби со компании од 7 градови од регионите Пиемонте, Ломбардија, Емилија Ромања, Марке, и Трентино- Алто Адиџ.

10.03.2014 - 09:51
Фото: 
денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега