Нашите најдобри фудбалери на 26 мај на мегдан против Камерун

 

Нашата најдобра македонска фудбалска репрезентација на 26 мај во Куфштајн во Австрија ќе го одигра својот контролен меч против селекцијата на Камерун. 

Ова ќе биде еден од мечевите кои што селекторот Бошко Ѓуровски ги има планирано како подговотвки за престојниот квалификациски циклус за ЕП 2016 година.

Во мај се очекува да бидат одиграни вкупно три пријателски средби.

Во меѓусебните дуели со Камерун нашата репрезентација има загубено пријателски меч во Скопје во 2011 година со 1:0. Во моментов африканската селекција се наоѓа на 46 место на ранкг листата на ФИФА, а на Мундијалот во Бразил таа се наоѓа во група заедно со Бразил, Хрватска и Мексико. 

 

10.03.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега