ВИДЕО: Големиот човек се врати

Новинарите не ги кријат пофалните зборови за настапот на нашиот најдобар кошаркар Перо Антиќ за тимот на Атланта, по враќањето на терените по здобиената повреда. Антиќ беше достојна замена за најдобриот во Атланта, Ал Хорфорд па уште во дебитанската сезона успеа да забележи фантастични резултати.

Повредата го одалечи пет недели надвор од терените, но Големиот човек се врати назад и сега дури игра и подобро за тимот.

Атланта и покрај тоа што не покажува забележителни резултати, сепак присуството на Антиќ и тоа како се покажа дека е потребно, особено во последниот меч против ЛА Клиперс кога постигна 16 поени и шест скокови. Сепак тоа не беше доволно за Атланта, која беше поразена со 109:108.

Одличната форма на Антиќ навестува дека на Атланта и следуваат подобри денови, за да се врати во игра за плеј-офот. 

Тој на трите меча кои ги одигра по повредата во просек постигнува по десет поени и на тој начин му испрати порака на тренерот Мајк Буденхолзер дека е подготвен да и ја даде на Атланта потребната искра која е неопходна за ставање крај на лошата серија.

Со враќањето на Антиќ на паркетот Атланта има сила да се врати во битката за плеј-офот. Тој е важен дел од тимот и прави големи чекори секогаш кога ќе стапне на паркетот на „Хоукси“ од првата минута, е дел од она што го напиша новинарот Ендру Шоу за порталот „РантСпортс“.

Комплетниот текст можете да го прочитате на следниот ЛИНК.

10.03.2014 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега