Велешката болница доби нова медицинска опрема

Нова медицинска опрема во Интерното одделение во ЈЗУ Градска болница во Велес. Оваа опрема е вредна 30.000 евра во неа спаѓаат ултразвучен ехо апарат, холтери за срце и крвен притисок како и апарат за стрес-тест.

Директорот д-р Атанас Василев деенска на пресконференцијата изјави дека  пациентите со кардиоваскуларни заболувања ќе бидат прегледувани во Болницата.

- Многу е важна брзата дијагностика која недостасуваше досега. Пациентите веќе нема потреба да одат по приватни албуланти зашто прегледите ќе се вршат тука. Во Болницата ќе им бидат воспоставени сите интернистички дијагнози, рече Василев.

Воедни информира дека со разните обуки и едукации во земјава и странство е овозможено интернистите од Градската болница во Велес да се обучат за работа со апаратите.

Според Василев, нов дерматоскоп со кој може да се дијагностицира секоја промена на кожата на пациентите, доби и кожната амбуланта. 

10.03.2014 - 18:55
Фото: 
плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега