Снегот се спушта во котлините температурите одат под нула - неделна временска прогноза

Во текот на ноќта понеделник кон вторник врнежи од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во пониските предели, освен во јужните предели каде ќе продолжат врнежите да бидат од дожд. Температурите во текот на ноќта ќе се движат од -3°C до 4°C, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all.

Во вторник во утринските и претпладневните часови ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и снег, а над 600 метри со врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престануваат и постепено разведрување. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а дневните температури ќе достигнат до 3°C односно до 12°C.

Во Скопје во утринските и претпладневните часови нестабилно со слаби врнежи од дожд и снег. Попладне врнежите ќе престанат и постепено разведрување. Ќе дува засилен северозапден ветер. Утринската температура од 2°C, а дневната температура до 8°C.

Во среда во утринските часови ќе има појава на умерен мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозапден ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од -5°C до 2°C, а дневните температури ќе се движат од 8°C до 16°C.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на умерен мраз, а во текот на денот ќе биде сончево и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозапден ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Утринските температури од -4°C до 3°C, а дневните температури до 8°C односно до 16°C.

Во петок во Македонија ќе биде сончево и потопло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, дневните температури ќе достигнат до 9°C до 17°C.

Сончевото и топло време ќе продолжи и во сабота.   Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25км/ч. Утринските температури од -2°C до 5°C, а дневните температури ќе се движат од 11°C до 19°C.

Во недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35км/ч. Утринските температури ќе се движат од -1°C до 6°C, а дневните температури ќе достигнат до 6°C до 14°C

 

10.03.2014 - 22:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега