Работнички не сака да игра против МЗТ во „Борис Трајковски“

 

Управата на Работнички го одби предлогот на нивниот најголем ривал МЗТ Скопје, меѓусебниот дуел да го играат во салата „Борис Трајковски“. 

Претходно македонскиот шампион излезе со иницијатива меѓусебниот дуел да го играат во најголемата арена во главниот град, поради најповолните можни услови, со што би се вратил стариот сјај на овие натпревари кои треба да бидат празник на кошарката.

- Работнички има свој дом и каде игра со децении наназад, каде што игра сезонава и каде што ќе игра во иднина. МЗТ Скопје, како и сите други екипи сезонава, ќе биде одлично пречекан, но и надигран, и тоа во домот на кошарката во Македонија, салата „Градски парк’’, е одговорот на Ѓоко Аврамчев директорот на КК Работнички.

11.03.2014 - 14:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега