Попоски во работна посета на Берлин

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе престојува во работна посета на Берлин.

Предвидено е македонскиот министер за надворешни работи да оствари средба со својот германски колега Франк Валтер Штајнмајер и да има обраќање во Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија.

Попоски ќе оствари и одделни средби со повеќе германски пратеници од редовите на Социјал-демократската партија и Христијанско-демократската унија, како и со советниците за надворешни работи и за европски прашања на германската канцеларка Ангела Меркел.

Предвиден е и работен брифинг во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

12.03.2014 - 09:02
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега