Единаесет години од смртта на Зоран Ѓинѓиќ

Денеска навршуваат единаесет години од смртта на поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Имено тој беше претседател на Демократската партија и беше прв демократски избран премиер на Србија по симувањето од власт на Слободан Милошевиќ.

Ѓинѓиќ  беше убиен на 12 март 2003 година.

Веднаш по убиството српската Влада прогласи вонредна состојба и ја покрена акцијата „Сабја“ во рамките на која беа уапсени, а по три и пол годишен процес и осудени припадниците на „Земунскиот клан“, како организатори и извршители на убиството.

Ѓинѓиќ, кој е роден на 1 август 1952 година уште за време на студиите се истакнува како еден од првите млади дисиденти на тогашна Југославија. Студиите на Филозофскиот фалуктет во Белград ги завршува во 1974 година, а докторира во 1979 година на Универзитетот во Констанца, во Германија на тезата „Проблеми во втемелување на критичката теорија на општеството“. Во јануари е избран за претседател на Демократската партија, на чие чело останува до трагичната смрт во март 2003 година. Предводи повеќе опозициски сојузи за борба против режимот на Милошевиќ, а како претставник на коалицијата „Заедно“ на 21 јануари 1997 година е избран за градоначалник на Белград. 

12.03.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега