„Република“: Дали и Шилегов е средна класа како Заев? (ФОТО)

Стан од шеесетина квадратни метри или куќа, автомобил кој не вреди десетици илјади евра, можност да си дозволиш просечен одмор, вака приближно би требало да изгледа средна класа. Но, тие работи некако се изместени. Доколку со ваков имот сметавте дека сте средна класа, време е да се сместите во онаа пониската – сиромашната. Зашто за средна класа треба да поседувате „ауди“, „мерцедес“, БМВ, да живеете во палата, да одите најмалку трипати годишно на луксузен одмор, пишува Република.

audi

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, во интервју за МРТ вели дека сѐ уште е дел од средната класа иако за капиталот на неговото семејство изјави дека изнесува 6-7 милиони евра.

-Очигледно, трендот на средна класа од типот на Заев го следат и останатите партиски функционери во СДСМ. Тоа е случај и со гласноговорникот на СДСМ, Петре Шилегов, кој вози „ауди“, неговата сопруга вози „мерцедес“, а живее во „куќичка“ од три ката. Ако средната класа на СДСМ живее така, како ли живеат тие што земаат кирија од 5.000 евра за стан во Скопје?! Дали Заев и својот портпарол го сместува во неговата „средна класа“?!, пишува Република.

Кој е гласноговорникот на СДСМ? Шилегов беше претседатeл на  второстепената Комисија за јавни набавки во Владата во времето на СДСМ. Тогаш тој имаше проблеми со потпретседателката на партијата, Радмила Шекеринска, која и тогаш ја имаше истата функција. Стравуваше дека Шекеринска нема да го прифати предлогот на Владо Бучковски, кој раководеше со партијата во тоа време, тој да биде  член во Државната изборна комисија. Како што тогаш објави „Дневник“во изданието од 13 септември 2004 година, Шеќеринска веќе подолго време сакала да го тргне Шилегов од Владата бидејќи не се согласувала со неговото работење.

-Шилегов, човекот кој Бучковски го предлагаше да биде член на ДИК иако Шекеринска се противеше, потоа му беше адвокат на експремиерот  во спорот за клевета против Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, за бугарски пасош. Шилегов вложи жалба на првичната пресуда, истата беше усвоена, но сепак на крајот го загуби спорот. Шилегов дел од својот работен век ја поминал во Управниот одбор на Комуналната хигиена во времето на Ристо Пенов. Подоцна, во 2002 година беше заменет. Во времето кога Шилефов беше цо УО на Комунална хигиена излегоа неколку скандали.Во адвокатската кариера на Шилегов влегува и предметот Бачило, каде се јавува како адвокат на некогашниот правобранител Миодраг Стевановиќ, пишува Република.

avtomobil-500

Нему во најголемиот корупциски скандал во земјата му се судеше поради нанесување значителна штета на државата потпишувајќи решенија на предмети за денационализација, притоа помагајќи да се збогати најбогатиот овчар, Иснифарис Џемаили. Џемаили на државата ѝ должи околу 44 милиони денари. Нелегално стекнатиот имот тој го ставал под хипотека потпишувајќи фиктивни договори, оневозможувајќи ѝ на државата да го конфискува.

Дневниот весник Вест пишуваше за потенцијален скандал во 2004 година при реконструкцијата на затворот Идризово. Истата ја вршеше Иднина инжинеринг, која со притисоци ја протуркал заменик директорот Исмет Гури, кој е командант на УЧК.Градежните компании Бетон и Пелагонија по ваквата одлука испратија жалба до Владата која им беше експресно одбиена од Шилегов.

Шилегов како адвокат се појавува и во аферата Фиком, застапувајќи ја Весна Николиќ. Весна и нејзиниот сопруг Никола Николиќ беа осудени откако оштетија голем број на луѓе препродавајќи еден стан на повеќемина.

-Името на Шилегов се споменуваше и во аферата со биометриските пасоши, кога фирмата Гисеке и Девринет доби провизија од 1.7 милиони евра. Експертите неколку пати реагираа, професорот Тупанчевски остро му реплицираше кога Шилегов како претседател на второстепената комисија го бранеше правото на провизија од 1,7 милиони евра со образложение дека тоа е однос меѓу понудувачот и консултантот, односно биле трошоци за изработка на проектна документација, пишува порталот.

Шилегов не е ново име на политичката сцена. Тој е човек на СДСМ од времето на Црвенковски и на Бучковски. Неговото име се појавува во неколку афери, дали како адвокат или како претседател на второстепената владина комисија за набавки. Она што остави голема дамка е провизијата, или како што тој милуваше да каже, трошоците што Гисеке и Девринет ги имале при изработка на тендерската документација за биометриските пасоши – дури 1.7 милиони евра. Денеска има задача на било каков начин да го исправа Заев после секое негово појавување пред медиумите,  од незгодите во кои сам се става, „благодарение“ на неговите гафови, пишува Република.

13.03.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега