Јанкулоска: Тигрите со пожртвуваноста покажаа дека го заслужуваат епитетот елитна единица

Единицата за специјални задачи „Тигар“ денеска одбележа 33 години од нејзиното формирање. На свеченоста денеска свое обраќањеимаше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

-Во единицата се луѓе кои со својата пожртвуваност докажале дека единицата го заслужува епитетот елитна. ЕСЗ денес е модерна формација, со високообучени специјализирани тимови, посочи Јанкулоска и додаде дека улогата што „Тигрите“ ја имаат во процесот на осамостојување е многу важна.

Министерката истакна и дека единицата е персонално освежена, а ќе биде опремена со најмодерна опрема и вооружување во рок од две годин.

„Тигрите"  се заблагодарија и  врачија плакети и благодарници на врвот на Министерството за внатрешни работи и нивните соработници.

13.03.2014 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега