Се намалува бројот на грипосани во Македонија

Во Македонија од 3 до 9 март годинава се регистрирани 2.502 нозозаболени од грип, што е за 23,6 отсто помалку во споредба со претходната седмица, а за 4,7 отсто повеќе од истиот период лани. 

Како што соопшти денеска Институтот за јавно здравје, во последната недела регистриран е еден смртен случај, со што бројот на починати кај кои е дијагностициран грип достигна 11.

Според податоците, број на заболени од грип од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 24.661 и во однос на минатата година е поголем за 34,6 отсто, а најголем број заболени се регистрирани во Скопје.

Најмногу болни (16.055) се во возрасната група од 15 до 64 години.

13.03.2014 - 12:22
Фото: 
економски.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега