Детали за сообраќајката во која загина голманот Милошевски

 

Директорот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово - Скопје, додека заедно со претседателот на Фудбалската федерација Илчо Ѓорѓиевски и уште двајца вработени во ФФМ се враќал од хуманитарен натпревар во Куманово.

Според последните податоци, страотната сообраќајна несреќа се случила во 23 часот и 45 минути на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово кај клучката во населбата Карпош. Полицијата информира дека возилотото „пежо“ со кое управувал Ѓорѓиоски се судрило со комбе управувано од страна на 62-годишниот Ж.Б. кој исто така завршил со повреди во несреќата.

Сите повредени се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

14.03.2014 - 09:12
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега