Трифун Костовски: "Зоран Божиновски ме уценуваше!"

Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжи расправата за аферата "Шпион" во која како сведоци искази дадоа Јорданов, Трифун Костовски и неговиот син Коста. Како што јавува Плусинфо, бизнисменот Трифун Костовски лично се знаел со дел од обвинетите како Ване Цветанов, Горан Стојков, Зоран Божиновски, Миќо Насковски и Влатко Стаматовски.

 - Горан Стојков го познавам од случајот „Раштански лозја“. Тој отвори фирма за спасување и им беше потребна парична помош за купување опрема, а јас им помогнав. Кога видов потоа кој се е на платниот список на фирмата се запрепастив, вели Костовски.

Тој му давал пари и на новинарот Зоран Божиновски, но по извесно време тој почнал да го уценува Костовски во врска со фудбалскиот клуб „Работнички“.

Исто така, во Основниот суд Скопје 1 говореше и синот на Трифун, кој изјави дека новинарот Зоран Божиновски неколку пати му се јавувал на телефон и му се заканувал.

- Ме убедуваше да се сретнеме бидејќи располагал со документи дека „сум местел фудбалски натпревари“, вели Коста, пренесе Плусинфо.

Синот на Трифун никогаш не прифатил да се сретне со него.

 

14.03.2014 - 13:40
Фото: 
окичево

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега