Еден полицаец мртов и тројца повредени во престрелка во училиште во Бугарија

Еден полицаец е мртов, а уште тројца се ранети откако врз нив пукал вооружен маж, во училиште во градот Лајсковец. Станува збор за педесет и тригодишниот Петко Петков кој откако пукал во полицајците се затворил во неговиот стан наспроти училиштето коешто било затворено во тоа време. 

„Во текот на полициската операција, која сега е завршена, мажот е повреден", изјавил министерот Јовчев во Народното собрание (парламентот) во врска со инцидентот во Лјаскoвец, во централниот дел на Бугарија, околу 220 километри источно од главниот град Софија.

Престрелката започнала кога припадниците на секоторот за борба против тероризмот пристигнале во училиштето за да ги проверат заканувачките писма кои што веќе некое време Петков му ги испраќал на директорот, жалејќи се на буката и заканувајќи им се на учителите и учениците. 

Петков бил со нарушено социјално и насилно однесување и против кого пред две години требало да биде спроведена слична истрага, се жалел дека нему и на неговата мајка им пречи буката што ја прават децата во училишниот двор. 

14.03.2014 - 18:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега