Савичевиќ: „Црна Гора да игра со Косово? Ти ме зафркаваш?!“

 

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора Дејан Савичевиќ изјави дека уште е рано за да играат мечеви со репрезентацијата на Србија. 

„Уште е рано за таков меч, затоа што има голем број на политички препреки. Потребно е да помине некое време, да се оладат главите, затоа што голем број на Срби мислат дека ние Црногорците ги издадовме со тоа што баравме независност. Тоа вие иско како после развод и затоа е подобро да не играме со Србите додека не се стишат тенизиите“, вели Савичевиќ.

„Мене и понатаму Белград и Србија ми се поблиски отколку Сараево, Загреб и Љубљана. Луѓето од Белград ни помогнаа околу многу работи. Јас сум во постојан конткат со фудбалските пријатели од Србија“.

Савичевиќ меѓу останатото одговори на прашањето зошто се залагале за самостојност со Црна Гора и одвојување од Србија. 

„Сакав самостојност на Црна Гора од многу причини. Знаев дека не можеме заедно да опстанеме. Србија е територијално поголема и секогаш по мислење мораше да се оди во Белград“, вели Савичевиќ. 

Потоа следуваше прашање дали би прифатил да Црна Гора игра со Косово, со оглед на тоа што Црна Гора ја прифати независноста на Косово. 

„Ајде посоветувај ме ти“, одговори Савичевиќ.

Новинарот на тоа одговори дека не сака тоа да го направи и предложил Савичевиќ сам да одговори. 
„Почна да ме заебаваш. Немам намера повеќе да зборувам со тебе. Пријатно пријателе!“.

14.03.2014 - 19:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега