Иванов започна да го дели отчетот за неговата работа

Aктуелниот македонски претседател Ѓорге Иванов им ја презентира на граѓаните својата работа во изминативе пет години. На граѓаните со кои се сретна во многу населени места во Македонија, тој им го подели отчетот за својата работа.

ГРаѓаните кои деновиве се сретнаа со Иванов, имаат можност во отчетот да прочитаат за петгодишната работа и низата активности спроведени од претседателот во рамки на надворешната политика, Македонија како безбедна и сигурна земја, економски силна и развиена.

Во отчетот на Иванов е споменато и единството во различностите, како и изборот на Иванов секогаш да биде со народот.

Иванов беше и првиот кандидат за претседател кој излезе со својата програма, а сега е и прв претседател кој пред граѓаните дава отчет за сработеното во годините од неговиот мандат.

Претседателот Иванов во интервју за Република вели дека се одлучил да оди на директни средби со граѓаните бидејќи, како што вели, има чист образ да се по­ја­ви пред се­ко­го.

-На­ши­те со­гра­ѓа­ни ме избраа да ги прет­ста­ву­вам. Да би­дам нив­ни­от глас ка­де и да одам. Чувствувам сил­на обврска во директ­на ко­му­ни­ка­ци­ја со нив да ги ин­фор­ми­рам за мо­и­те те­ков­ни актив­но­сти и за резулта­ти­те од мо­ја­та ра­бо­та. Ме­ди­ум­ски­те обра­ќа­ња се не­оп­ход­ни, но да се разговара лице в ли­це со обич­ни­от гра­ѓа­нин за ме­не е по­важ­но. Лич­ни­от кон­такт е незамен­лив. Тоа е мо­јот из­бор. Кол­ку што сум об­вр­зан да ја пре­не­сам ма­ке­дон­ска­та по­ра­ка по свет­ски­те пре­стол­ни­ни, тол­ку сум об­вр­зан да го слу­шам гла­сот на мо­и­те со­гра­ѓа­ни, вели Иванов.

Иванов вели дека во следните пет години ја гледа Македонија со нов еко­ном­ски­от раст и раз­вој, нејзина интеграција во НАТО и Европската Унија, со зголемена вработеност и повисок животен стандард.

- Клуч­ни­те си­сте­ми во др­жа­ва­та, безбедносниот, обра­зов­ни­от, здрав­стве­ни­от, со­ци­јал­ни­от, да бидат во сог­лас­ност со европ­ски­те стан­дар­ди, во че­кор со вре­ме­то кое до­а­ѓа. Да из­гра­ди­ме напред­на зем­јо­дел­ска зем­ја, да ја градиме Ма­ке­до­ни­ја ка­ко зем­ја на ино­ва­ции и но­ви технологии. Да ја по­вр­зе­ме Ре­пуб­ли­ка Македо­ни­ја ин­фра­стру­ктур­но и енергетски. Да ја продолжи­ме ве­ков­на­та тра­ди­ци­ја на со­жи­вот, по­чи­ту­ва­ње и при­фа­ќа­ње на различ­но­сти­те. Да ги со­чу­ва­ме тра­ди­ци­о­нал­ни­те се­меј­ни вред­но­сти и кул­тур­ни тра­ди­ции. Да го по­диг­не­ме ни­во­то на до­бро­со­сед­ски од­но­си. Да вле­зе­ме во но­ва фа­за на ре­ги­о­нал­на со­ра­бо­тка, во ко­ја ќе ра­бо­ти­ме на за­ед­нич­ки про­е­кти. Да ги за­јак­не­ме од­но­си­те со стра­те­ги­ски­те парт­не­ри, да гра­ди­ме но­ви пријателс­тва. Да отво­ра­ме но­ви па­за­ри и перс­пе­кти­ви. На­кра­тко ка­жа­но, да ја гра­ди­ме Македонија во ви­со­чи­ни, со нај­ви­со­ки вред­но­сти, нај­ви­со­ки крите­ри­у­ми и нај­ви­со­ки стан­дар­ди, вели Иванов за Република.

Според Иванов, високиот процент на чесност кој тој го ужива кај граѓаните, (74 проценти според анкетите го сметаат за чесен човек) е признание за неговиот труд и неговата посветеност.

-На тоа не гле­дам ка­ко на ли­чен ка­пи­тал, по­ве­ќе ќе ме ра­ду­ва ако ус­пе­ав да по­ста­вам еден мно­гу ва­жен стан­дард за ид­ни­те вршите­ли на оваа функ­ци­ја. Ни­кој да не мо­же да оди под овој стандард. На на­ши­от на­род му е пре­ку гла­ва од по­ли­ти­кант­ство, од праз­ни ве­ту­ва­ња, од не­чес­ни по­ли­ти­ча­ри, додава претседателот на државата за Република.

15.03.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега