Лошото момче на Ријана повторно заврши во затвор

 

Пејачот Крис Браун повторно заврши во затвор. Oвој пат поради прекршување на судска одлука.

Откако беше уапсен поради претепувањето на неговата поранешна девојка Ријана, Судот одлучи Браун да мине 90 дена во Центар за рехабилитација за да се обиде да ги надмине проблемите со бесот. Браун мина 90 дена во Центарот, но, судијата донесе одлука дека тој треба и понатаму да остане таму, се додека Судот не донесе поинаква одлука.

Но, поради непочитување на правилата, Браун беше исфрлен од Центарот и веднаш по напуштањето на комплексот беше уапсен и префрлен во затвор.

15.03.2014 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега