ВИДЕО: На кого ќе го посвети Тамара својот настап во суперфиналето?

 

Единствената суперфиналистка на Х-Фактор, Тамара Милановиќ, деновиве нема многу време за дружење со семејството и пријателите, бидејќи се подготвува за најважниот настап во Комбанк Арената кој ќе се случи за точно седум дена.

- Вежбам песни за суперфиналето, учам кореографија, бирам гардероба... Голема поддршка, како и секогаш, имам од семејството, посебно од мојот постар брат Дуле, на кој секогаш се потпирам за сите важни работи во животот. Тој ме научи да верувам во себе!, вели шармантната бринета и додава: 

„Настапот во Арена ќе го посветам на него и на она што заедно го започнавме уште пред три години во емисијата „Јас имам талент“.

За потсетување, братот на Тамара, Дуле, беше нејзина верна поддршка во секоја емисија, а на прашањето како тој се чувствува кога неговата помлада сестра настапува, тој вели:

„На почетокот се потрудив да бидам што е можно повеќе на страна, но, не успеав во тоа: секој вторник бев во салата, преку недела заедно вежбавме и имав голема трема пред секој нејзин настап. Многу сум горд на се што постигна и едвај го чекам суперфиналето.

Суперфиналето е закажано за недела, 23. март во Комбанк Арената, кога ќе дознаеме која е е новата музичка ѕвезда на регионот. 

16.03.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега