Бритни Спирс доживеала напад на паника на среде забава
Светската ѕвезда Бритни Спирс имала напад на паника за време на пост-оскаровската забава на нејзиниот колега Елтон Џон.
Според информациите кои ги објави магазинот „Спек“, турканицата и големиот број присутни на забавата претставувале преголем притисок за Бритни и таа доживеала напад на паника.
- Беше возбудена кога дојде на забавата, но само неколку минути подоцна беше целосно вознемирена поради големиот број луѓе на настанот. Почна да се препотува и се жалеше дека се задушува, изјави неименуван извор за „Спек“.
16.03.2014 - 15:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа