Српската напредна партија убедливо ги доби изборите во Србија - Дачиќ е втор

Владејачката проевропска Српска напредна партија освои 50 проценти од гласовите на вчерашните предвремени парламентарни избори и извојува убедлива победа, што и дава можност самостојно да управува.

- Тоа е најдобриот изборен резултат на партијата од 90-тите години, изјави лидерот на СНС и веројатно нов премиер Александар Вучиќ.

Според Центарот за слободни избори и демократија СНС ќе добие 160 од вкупно 250 пратенички места.

Втора е Социјалистичката партија, партнерот на СНС во досегашната владејачка коалиција, со 15 проценти од гласовите. 

Останатите места ќе се распределат меѓу прозападните Демократска партија и Новата демократска партија на поранешниот претседател Борис Тадиќ, кои добија по 6 отсто од гласовите. Одѕивот на гласачи на изборите изнесуваше 52 проценти

17.03.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега