„Мртов“ пијан крадец фатен на дело во Пробиштип

 

Триесет и три годишниот Д.Е. не успеал во обидот да ја ограби куќата на М.Ѓ. (49) од Пробиштип, кој бил на работа во странство.

Од полицијата информираат дека Д.Е. насилно влегол во куќата по што бил заблежан од соседите кои го пријавиле случајот.

По пријавата полициски екипи веднаш излегле на лице место и го забележале како краде. Во обидот да биде приведен, Д.Е. извадил нож и му ја расекол раката на едниот полицаец. Тој набрзо бил совладан и приведен, а по извршеното алкотестирање било утврдено дека има 1,69 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против крадецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

17.03.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега