Пензионер- дилер продавал дрога во Струга

 

Кривична пријава за продажба на дрога доби Д.У. (67), кого полициската станица во Струга го фатила со 53 грама хероин и дигитална вага. 

 Во петокот при претрес на неговиот дом во Струга, инспекторите пронашле 53 грама хероин во паковки скриени на различни места. Четири алуминиумски фолии и една дигитална вага се пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи во кујна на приземјето од куќата дом, а  во преграден плакар во друг дел забележани се две паковки од црна  најлонска фолија.

 Во чантата на сопругата на пријавениот, пронајдена е една паковка завиткана во црна најлонска кеса додека во гаражата под стари теписи пронајдена е уште една фолија со хероин, извести СВР Охрид.

 Од СВР Охрид велат дека сторителот  им е познат од порано поради вршење слични кривични дела и добивал кривични пријави.

17.03.2014 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега