Крива Паланка: Со секира ги избркала крадците од сопствената куќа
Со секира ги избркала крадците од сопствената куќа. Полицијата јавува за кражба и разбојништво во кривопаланечкото село Голема Црцорија. В.И.(20) од Крива Паланка и Е.Џ.(20) од Штип на 10март годинава оклу 20:20 часот влегле во семејната куќа на Љ.Д. во кривпаланечко и откако ги извадиле осигурувачите за струја извршиле тешка кражба одземајќи околу 2000 евра. Но во тој момент се појавила сопственичката Љ.Д. Крадците се обиделе да извршат разбојништво врз неа но таа ја зела секирата и почнала да бара помош. Крадците се исплашиле и побегнале.
Најверојатно незадоовлни од пленот истите крадци, еден час подоцна во село Крстов Дол свлегле во гаража сопственост на С.С. но бидејќи не нашле ништо побегнале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа