Општина Илинден продава нови 20 парцели за куќи

 

Општина Илинден продолжи со оттуѓување градежни парцели по пат на електронско јавно наддавање. Во тек е објава на 20 градежни парцели за изградба на станбени куќи за индивидуално домување во новата населба Јака.

Како што соопшти Општината, во текот на минатата 2012 година 117 градежни парцели во новата населба Јака стекнаа свои сопственици. Со продажба на парцелите наменети за семејно домување во станбени куќи, Општината има намера да им излезе во пресрет на оние што го немаат решено станбеното прашање, да можат да дојдат до градежна парцела на која ќе изградат сопствена куќа.

Новата населба се наоѓа на 10 километри од центарот на главниот град, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собир.

ФОТО: panoramio.com