Грција ќе ги принзае косовските пасоши

Грција одлучи од 20 март да ги признава косовските пасоши со шенген визи, објавија денеска приштинските медиуми.

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос ја потврдил веста пред косовскиот колега Енвер Хоџај.

Грција е една од петте земји-членки на Европската унија која не ја признаваат независноста на Косово, a косовските граѓани требаа да вадат грчка виза.

Венизелос истакнал дека и покрај тоа што Грција не ја признава официјална Приштина нема да го попречува напредокот на Косово на европскиот пат.

17.03.2014 - 18:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега