Откријте ги правилата за финалето во Х-фактор
На 23.март ќе се случи долгоочекуваното финале на популарното музичко шоу Икс Фактор на кое ќе се прогласи победникот. Македонскиот финалист Даниел Кајмакоси на својот Фејсбук профил ги објави официјалните правила за гласање.
Петмината финалисти ќе испеат по една песна, по која ќе има пауза за гласање.
Двајцата натпреварувачи со најмалку гласови излегуваат од понатамошното натпреварување.
Преостанатите тројца ќе испеат по уште една песна, а потоа повторно ќе има гласање по кое ќе излезе уште еден натпреварувач.
Останатите двајца ќе испеат уште по една последна песна, по што конечно ќе биде прогласен победникот на Х-фактор.
Даниел Кајмакоски постојано на својот Фејсбук им ветува на своите обожаватели дека нема да ги разочара во финалето на Икс Фактор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа