Антиќ нижи триумфи во НБА - овој пат изгоре Торонто

 

Кошаркарите на Атланта ја продолжија серијата победи (пет во низа) откако ноќеска по дополнителни пет минути го победија Торното на домашен терен со 118:113 (17:26, 32:23, 31:29, 26:28, 12:7).

Ова за тимот на македонскиот репрезентативен капитен Перо Антиќ беше вкупно 31.победа во сезонава. Антиќ натпреварот го заврши 8 поени, а имаше и 4 скокови за 29 минути. Неговиот соиграч Пол Милсап го забележа првиот „трипл-дабл“ во кариерата - 19 поени, 13 скокови и 10 асистенции, а рекордни во кариерата 34 постигна Џеф Тиг.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Кливленд - Мајами 100:96, Портланд - Милвоки 120:115 (продолжение), Сакраменто - Вашингтон 117:111 (продолжение) и Голден Стејт - Орландо 103:89.

Вечерва се играат 10 натпревари: Филаделфија - Чикаго, Бостон - Мајами, Бруклин - Шарлот, Мемфис - Јута, Њу Орлеанс - Торонто, Њујорк - Индијана, Далас - Минесота, Денвер - Детроит, Феникс - Орландо и ЛА Лејкерс - Сан Антонио.

Пласман Источна конференција: Индијана 50-17 (победи-порази), Мајами 46-19, Торонто 37-29, Чикаго 37-30, Бруклин 34-31, Вашингтон 35-32, Шарлот 33-35, Атланта 31-35,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 50-16, Оклахома Сити 49-18, ЛА Клиперс 48-21, Хјустон 45-22, Портланд 44-24, Голден Стејт 43-26, Далас 41-27, Мемфис 39-27

19.03.2014 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега