Обложувалниците предвидеа- Ерменија ќе победи на Евровизија?
Ако се суди според тоа како котира во обложувалниците претставникот на Ерменија на овогодишната Евровизија би можел да ја однесе победата.
29-годишниот Арам Саргсјан, ја изведува песната „Not alone“.
Кога се во прашање претставниците од нашиот регион, обложувалниците не им даваат големи шанси. Сите се сместени после 25-то место. Македонија ја претставува Тијана Дапчевиќ со песната „To the Sky“, Црна Гора ја претставува Сергеј Четковиќ со песната „Мој свет“, додека Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина оваа година нема да учествуваат на Евровизија.
Да потсетиме оваа година натреварот ќе се одржи во Копенхаген.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа