Гореше германското знаме во Дортмунд
Навивачите на Зенит го запалија знамето на Германија на гостувањето на нивниот тим кај Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Моментот кога пламна германското знаме се случи по вториот гол на Зенит. Тогаш со факели беше запален државниот симбол на Германија, чин за кој Зенит го очекува драстична казна од УЕФА.
Голем дел од домашните навивачи реагира бурно, но службите за одржување на редот не дозволија директен судир меѓу двете страни и спречија поголем инцидент.
Навивачите на рускиот тим се познати како екстремна фракција, учествувале и во други инциденти, а познати се и по ставот во тимот да настапуваат само белци.
Аналитичарите потегот да се запали германското знаме од руските навивачи го сметаат за прелевање на спортските терени на кризата и затегнатите односи меѓу Русија и ЕУ.
Натпреварот заврши со победа на Зенит од 2:1, недоволна да се пласира во следната фаза по поразот на свој терен од 2:4
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа