Хаос на скопските улици - осум сообраќајки за само еден ден

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, три се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички моторни возила, еден сопатник во возило и двајца пешаци.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционира се осум возачи кои не го носеле заштитниот шлем или кацигата за време на управување на мотоциклот, шест лица затоа што ги управувале мотоциклите без возачка дозвола, еден со несоодветна категорија во возачката дозвола, а двајца управувале со мопедите со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола. Санкционирани се и пет возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење на возилата, шест возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците и тројца возачи кои не ги почитувале правилата за првенство на минување на крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 52 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска ќе се реализира сообраќајна поука во просториите на Полициската станица од општа надлежност – Гази Баба со почеток во 19 часот на која ќе присуствуваат возачи кои сториле прекршоци по различни основи, односно брзо возење, користење мобилен телефон, не користење сигурносен појас или, пак, непрописно престројување.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Браќа Рамиз и Хамит“ на подрачјето на општина Шуто Оризари.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива

20.03.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега