Се интензивира реновирањето на Соборниот храм во Куманово

Се интензивира реновирањето на Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово. Градежни работи се вршат на подот, фасадата, а се подготвува и терен за реконструкција на внатрашниот дел, информира свештеникот Игор Здравковски.

Според него, привршува и обновата на фасадата, поставен е меремер, а се работи на кровната конструкција.

- Внатрешно се работи на реконструкција на внатрешната инсталација, а паралелно се подготвува и терен за поставување ново греење со гасификација, вели свештеникот Здравсковски.

Црквата се обновува со средства од Кумановско –осоговската епархија, како и со донации на верниците.

Надлежните од црквата очекуваат реконструкцијата на митрополитскиот храм да заврши пред Велигден.

Инаку, Соборниот храм „Свети Никола“ изграден е 1851 година на темели на постара црква со помали димензии. Црквата ја градела тајфата на Андреа Дамјанов, стариот живопис потекнува од 1852 и распореден е на сводните површини. Иконстасот,како шо информира,историчарот на уметност од Музејот на Куманово,Славица Крстиќ работен е од Дичо Зограф и Димитар Андонов Папрадишки во 19 и почетокот на 20 век.

По завршувањето на реконструкцијата на Соборниот Храм „Свети Никола“,градежните работи ќе продолжат и во Црквата „Света Тројца“, позната меѓу верниците како нова црква,а потоа и во манастирот „Свети Ѓорѓи“ накај село Биљановце и во црквата „Свети Архангел Гаврил“ во населбата Карпош чија што изградба е во тек. 

20.03.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега