Што ќе се случи со богатството на Дарко Шариќ?

Весникот Форбс пишува дека нарко-бос Дарко Шариќ има имот вреден 27 милијарди долари, но како што сметаат економксите експерти Србија и Обвинителството за организиран криминал тешко ќе можат да им влезат во трага на поголемиот дел од парите.

Освен за шверц на дрога на Шариќ че му се суди и за перење пари на 22 милиони евра во Србија. Но според Форбс ова е само мал дел од капиталот што овој нарко бос го стекнал бидејќи веќе се знае дека Дарко е петти на листата најбогати мафијаши на светот. Познато е дека Шариќ работел во Србија, Црна гора, Словенија, Чешка, САД, Бразил, Урагвај, Италија…

Доколку судот го осуди нарко-босот Дарко Шариќ целиот негов имот ќе биде одземен и ќе биде ставен на аукција. 

- Никој не може со бројки да изрази колку државата изгубила со бизнисите кои Шариќ ги правел на наша територија. Тоа е невозможно, пред се бидејќи тој купувал фирми на тендери и плаќал толку колку што побарала државата. Друга работа е што подоцна тие фирми биле уништени, изјавил изворот на Форбс.

21.03.2014 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега