Емина Јаховиќ: Даниел Кајмакоски нема никакви шанси за победа покрај мојот Лукијан
Познатата пејачка која е дел од жирито на регионалниот Икс Фактор, Емина Јаховиќ во пресрет на суперфиналето, кога ќе биде прогласен победникот на шоуто, вели дека тоа ќе биде нејзиниот единствен преостанат кандидат, Лукијан Ивановиќ.
Во интервјуто за српски Курир, таа вели дека се надева на огромно присуство на обожавателите на натпреварувачите во Комбанка рената.
-Мој фаворит за победа е Лукијан. Тој е комплетен Х-фактор, тоа што го бараме, а се надевам дека и публиката ќе го препознае тоа, вели таа.
На констатацијата од српски Курир дека многумина сметаат дека токму Даниел Кајмакоски го има тој Х-фактор, таа тврди дека нашиот кандидат нема шанси покрај нејзиниот Лукијан.
Финалето на Х-фактор ќе се одржи утре, со почеток од 21 часот на Сител телевизија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа