Повредениот Дибиров нема да игра на реваншот со Хамбург
На вчерашниот дуел со Хамбург Тимур Дибиров се здоби со повреда на левото око, тој е пуштен на домашно лекување, а за враќање на терените ќе почека околу три недели.
Резултатите покажаа дека Дибиров при дуел со противничкиот играч Хенс доби удар во пределот на левото око, при што е предизвикано пукање на крвен сад и крварење во предната комора, како и во задниот дел на окото.
Моментално крварњето е повлечено, по што вардаровиот играч е пуштен на домашно лекување кое ќе трае една недела, а потоа ќе бидат направени дополнителни прегледи за утврдување на состојбата на неговото око.
По завршувањето на домашното лекување мора да мирува најмалку две недли за да не дојде до повторно пукање на крвниот сад, што би можело да предизвика дополнителни компликации.
- Во моментов нашиот ракометар се чуствува одлично, и веќе ја напушти болницата. Според последните лекарски извештаи следува пауза во периот од три недели, а тоа значи дека Дибиров нема да може да настапи на реванш дуелот против Хамбург, но за нас како клуб е најважна неговата здравствена состојба. Му посакуваме побрзо опоравување и враќање на терените во завршниот период од сезоната, изјави директорот на клубот, Давор Стојаноски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа