Ништо од пролетта- снежна бура го зафати Балканот

Повеќе предели во земјите од балканскиот регион беа покриени со нова снежна покривка и покрај тоа што пролетта календарски започна уште пред неколку дена. 

Снежни врнежи беа забележани денеска во Горски Котар во Хрватска, а повремено снег имало и на дел од автопатот Риека-Загреб.

Два сантиметра снег утринава се измерени и на Сљеме кај Загреб. На некои патишта се воведени мерки за претпазливост, кои се применуваат во зимски услови на возење.

Зимата се врати и во БиХ, па утрово јужната,сончева страна на превојот Макљен осамна под снежна покривка. Снег паѓал и во делот над магистралниот пат Прозор-Горњи Вакуф на над 900 метри надморска височина.

 

На Жабљак во Црна Гора снег наврна уште вчера, а невреме со град ги зафати Риека и Бања Лука.

25.03.2014 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега