Ставрески најави десетина капитални проекти во Охрид
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, при посетата на Охрид најави дека летово ќе започнат да се реализираат десетина капитални проекти за кои вкупната
инвестиција е 4 милиони евра.
- Десетина проекти ќе бидат реализирани од Владата, преку позајмицата што ќе ја дадеме. Долгорочно, со оглед на тоа што парите нема да мора да се враќаат во првите неколку години, тоа ќе овозможи Општината да застане на здрави нозе, за да може да учествува во отплатата на обврските. Оценивме дека е остварен доволен напредок во управувањето со јавните финансии во Општината, за и ние да влеземе со дополнителни средства од над четири милиони евра, истакна Ставревски.
Ставревски истакна дека затекнатата финансиска состојба била исклучетелно сериозна и тешка, но најави поддршка од Владата.
- Централната власт инсистира да види дека локалната самоуправа ги презема мерките и активностите за да си помогне сама себеси. Кога гледаме дека тоа се прави, логично е дека ние ќе помогнеме и со финансиски средства и на друг начин се што може законски да се направи, рече Ставревски.
Вицепремеирот при посетата изрази задоволство од преземените активности во општинската власт за заштеда на трошоци во расходната страна, намалување на расходите на јавните набавки, се на се како што рече, подомаќинското работење на новата локална власт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа