Елвис Присли не починал од предозирање - тој генетски бил предодреден за рана смрт ?!

 

Експертите предводени од Марк Еванс открија нова теорија за смртта на кралот на рокенролот Елвис Присли, и според нив причината за неговата смрт би можело да биде генетско заболување, а не прејадување или предозирање со дроги. 

Тие ја анализирале ДНК од влакна, купени од фризерот на Елвис Присли за два милиона американски долари, и утврдиле дека славниот музичар уште од детството страдал од генетски заболувања, како мигрена, дебелеење, глауком, хипертрофична кардиомиопатија. Последното заболување, според експертите, обично се случува кај мажите на возраст од 20 до 40 години и доведува до здебелување на ѕидовите на левата, а понекогаш и десната, срцева комора.

„Во текот на многуте години за прераната смрт на Присли го обвинуваа како самиот музичар, така и неговиот лекар. Се сметаше дека прејадувањето или предозирањето со дрога го убиле", вели Еванс. Според него, добиените податоци покренуваат нови прашања за причината на Елвис Присли.

Меѓутоа, не само смртта на Присли била преиспитувана од страна на форензичарите. Тие, исто така, се обиделе да најдат и да истражуваат примероци на ДНК од Адолф Хитлер, Чарлс Дарвин, Џон Кенеди, Наполеон Бонапарта, Марлон Брандо, Мерилин Монро и кралот Џорџ Трети. Своите наоди ќе ги споделат со телевизиската публика во документарната серија којашто запомнува во среда, 26-ти март.

 

26.03.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега