Албански фудбалер го шокираше Балканот - сака да игра против Србија поради одмазда
Албанскиот фудбалер Миѓен Баша, член на Торино го моли селекторот Џани де Бјази да го повика за настап во националниот дрес, барем за мечевите со Србија, а причината за тоа е одмазда.
Српските медиуми неговата изјава ја пренесоа како сландалозна: - Сакам да го замолам селекторот Ди Бјази да ме повика за двата натпревара против Србија. Српската војска го уби мојот вујко во текот на војната на Косово. На некој начин сакам да се одмаздам за сите кои се убиени. Не знам дали ќе успееме да победиме, но знам дека ќе дадам се од себе да го оствариме тоа, изјави Баша.
Оваа изјава ги шокираше сите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа