Анџелина Џоли пристигнува во Сараево
Холивудската актерка Анџелина Џоли во петок ќе пристигне во Сараево, потврди агенцијата за односи со јавност на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.
„Анџелина нејзиното доаѓање го потврди на конференција што ја организираме, а се однесува за улогата на жената во воените судири. Дали ќе има некакви промени, не знаеме", соопштиле од Министерството.
Актерката најави и дека повторно ќе ја посети Сребреница, која и беше главна инспирација за филмот „Во земјата на крв и мед", што го сними во 2011 година.
Филмот беше премиерно прикажан во Сараево, каде што беше дочекан со овации од публиката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа