Носете лесна облека и пијте многу вода - Македонија е во жолтата фаза

Денеска поголем дел од територијата на државата ќе биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза, освен два региона, пелагонискиот и охридско-преспанскиот регион каде температурите ќе бидат пониски.

Деновите со повисоки температури се очекува да траат до среда, а веќе од четврток се очекува намалување на температурите во цела држава. Поради жолтата алертна фаза се препорачува граѓаните да избегнуваат  подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да носат лесна и светла облека и да конзумираат лесна храна и пијалоци. 

Исто така се препорачува хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и  редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега